Регионален натпревар на младите техничари и природници за ученици од основните училишта од тиквешкиот регион

Регионален натпревар на младите техничари и природници за учениците од основните училишта во тиквешкиот регион, одржан на 30.03.2019 година во ООУ Димката Ангелов Габерот во Кавадарци во организација на Народна техника Кавадарци, Сојузот на клубовите на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија.

Резултати од Светско првенство во ХСТ

Од 17 - 21  октомври во швајцарија   се одржа  10-то Светско првенство во ХСТ

 

Еден од учесниците на ова Светско првенство во ХСТ беше Дарко Трајков член  на радио клубот Искра. Тој настапуваше како член на репрезентацијата на Македонија и во дисциплината РУФЗ освои 3-то место и бронзен медал.

 

Народна техника - Кавадарци

Народна техника од Кавадарци е формирана во 1946 година

Народна техника од Кавадарци, како заедничка организација на Соју¬зот на здруженијата за техничка култура од општината Кавадарци, ја сочинуваат повеќе клубови, секции и други форми на организирано делување во областа на техничката култура, меѓу кои:

- Радио клубот Искра со секциите за радиотелеграфија, електроника и радиогониометрија

- Аеро клубот Витачево со  воздухопловна и ракетно моделарска     секција

- Фото - кино - видео клубот Црно и бело со фото секција и кино   секција

-  Клубот на млади техничари и природници со бродомоделарска, градежна и сообраќајно моделарска секција

-  Секциите за астрономија, астронаутика, кибернетика и микросметачка техника и др.

Повеќе...