НАЈДОБАР ПАТЕНТ ЗА 2020 ГОДИНА

Патентот РЕСПИРАТОРНА МАШИНА од иноваторот и професор ДИМИТРИЈА АНЃЕЛКОВ кој што доби златен медал на Меѓународната изложба за иновации,патенти и пронајдоци 41МАКИНОВА 2020 која што беше организирана од 08 до 10.11.2021 година од Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ и Народна техника на Македонија е избран за НАЈДОБАР ПАТЕНТ ЗА 2020 ГОДИНА од Државниот завод за индустриска сопственост на РСМакедонија.Честитки од Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ и Народна техника на Македонија за иноваторот и професор ДИМИТРИЈА АНШЕЛКОВ за постигнатиот успех со патентираниот пронајдок РЕСПИРАТОРНА МАШИНА.

 

Известување за 57 Државен натпревар на младите техничари и природнци на Македонија

Ги информираме сите пријавени ученици и ментори од основните училишта кои што се пласираа за учество на 57 Државен натпревар на младите техничари и природнци на Македонија а се победници на оддржаните регионални натпревари што ги организираа Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија-СКМТП , НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и регионалните канцеларии на НАРОДНА ТЕХНИКА. дека 57 Државен натпревар на младите техничари и природници ќе се оддржи на 07.11.2020 година (сабота).За местото и начинот на одржување на 57 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија дополнително ќе бидете известени од нашите регионални кординатори во зависност од препорките и Протоколот на Владата на РСМакедонија и Комисијата за заразни болести за организирање на манифестации.

Известување за 56 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија

Ги информираме сите пријавени ученици и ментори за 56 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ ке се одржи на ден 01.11.20202 година (недела) во средното општинско техничко училиште Ѓорѓи Наумов општина Битола во организација на Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија-НАУКА НА МЛАДИ и НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА. Начинот на одржување ќе ви биде дополнително доставен дали со физичко присуство или онлајн во зависност од препораките и во согласност со Протоколот на Владата на Р.С. Македонија и Комисијата за заразни болести.

 НАУКА НА МЛАДИ

 

ПОКАНА

Едукативна посета на меѓународниот саем АГРОТИКА во Солун

Едукативна посета на меѓународниот саем АГРОТИКА во Солун на ден 01.02.2020 година во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за техничка култура во стопанството на Македонија

АГРОТИКА 2020

Посета на Меѓународниот  саем за земјоделство, техника и опрема, механизација, градинарство, преработка, лозарство, овоштарство, винарство, храна, пчеларство, ветеринарство во Солун „АГРОТИКА 2020“

 Агротика 2020