Конкурс за пријавување на регионални и 58 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија - СКМТПМ

КОНКУРС за пријавување ученици од основните училишта од Македонија на регионалните натпревари и 58 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија-СКМТПМ по применети природни и технички науки во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија. Пријавите за регионалниот натпревар треба да бидат доставени до 10.03.2021, а натпреварите треба да се одржат заклучно со 25.03.2021. 58 от државен натпревар на млади техничари и природници на Македонија ќе се одржи на 10.04.2021 он-лајн или со физичко присуство за што дополнително ќе ве информираме.

Пријава

Правилник

Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи за одржаниот 57 Државен натпревар на младите техничари и природниции од Македонија - Ресен

Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи на наградени ученици од основните училишта на ден 28.12.2020 година во 13 часот во ООУ Гоце Делчев, општина Ресен од Ресенскиот регион од одржаниот 57 Државен натпревар на младите техничари и природниции од Македонија-СКМТП кој што се одржа од 17-20.12.2020 година онлајн во организација на Сојуз на клубови на млади техничари и природници од Македонија-СКМТП и Народна техника на Македонија. Дипломите и медаљите на наградените ученици ги додели градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски 

56 ти Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија

На ден 06.04.2019 година се одржа 56 ти Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија во организација на Сојузот на клубовите на млади техничари и природници на Македонија, Народна техника на Македонија и Народна техника Берово, а домаќин беше ООУ Кирил и Методиј од општина Македонска Каменица а го отвори и ги додели наградите градоначалничката Соња Стаменкова.

Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи за одржаниот 57 Државен натпревар на младите техничари и природниции од Македонија - Охрид

Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи на наградени ученици од основните училишта на ден 28.12.2020 година во ООУ Христо Узунов, општина Охрид од Охридско-Струшкиот регион од одржаниот 57 Државен натпревар на младите техничари и природниции од Македонија-СКМТП кој што се одржа од 17-20.12.2020 година онлајн во организација на Сојуз на клубови на млади техничари и природници од Македонија-СКМТП и Народна техника на Македонија. Дипломите и медаљите на наградените ученици ги додели градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиевски

Се оддржа 55ти Државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија

Се оддржа 55-иот Државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија

Натпреварот е во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот на клубови на младите техничари и природници на Македонија и Народна техника Велес.

Оваа година натпреварот се оддржа на 15 април во ОУ Блаже Конески во Велес.

55ти Државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија

Ве покануваме на 55-ти Државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија.