НАРОДНА ТЕХНИКА ШТИП

Домот за техничка култура НАРОДНА ТЕХНИКА-ШТИП се наоѓа во строгиот центар на градот и располага со 326 метри квадратни кориен простор.

Во домот за техничка култура активно работат следните клубови и друштва:

- Радио клуб “Никола Тесла“ со своите секции:

- Радио примо предавателна

- Радио гониометриска

- Конструкторска

- Информатичка

- Секција за дигитални комуникации

  

Радио клубот Никола Тесла располага и со издвоена локација наречена Сушево(во просториите на нашиот аеродром Аеро клуб Штип) со квадратура од 110 метри квадратни, во која се инсталирани сите радио станици и анкетни системи. За постигнатите резултати може да се види на веб страната на клубот.

 

Фото кино клуб “Ванчо Прке“ со своите секции:

- Фотографска секција

- Кино видео секција

- Применета фотографија

- Студио за анимиран филм

- Дигитално студио

 

Фото кино клубот располага исто така и со видеотека, која е  една од првите во Македонија и располага со филмови од најразлични жанрови, како и филмови со научно техничка содржина.

 

Аеро клубот “Штип“ со свои секции:

- Ракетно моделарство

- Воздухопловномоделарство

- обука на едреличари

- на моторни пилоти

- падобранци

 

Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања SPATU, покрај просториите во Домот за техничка култура, користи и изложбен центар со големина од околу 200 метри квадратни, во која е поставена изложба на експонати од областа на иноваторството од Источниот дел на Македонија и е единствен од ваков вид во Републиката.

 

Во домот исто така покрај гореспоменатите клубови, работат и Астрономско астронаутичкото друштво “Галаксија“, Сојузот на клубови на млади техничари и природници, Друштвото на наставници по ОТП, како и друштвото на математичари на Општина Штип.   

Домот за техничка култура, односно клубовите се опремени со современа опрема и може да се каже дека севкупно е еден од најопремените Домови во македонија.

Работни простории во домот

Фото и кино лабораторија

Универзална работилница за моделарско-макетарски дејности

Кабинет на Сојузот на пронаоѓачите

Пленатериум

Уиверзална сала

Радио телеграфска училница

Работилница за електротехника

Кабинет за информатика

Конструкторски кабинет (опремен со компјутери) во SPATU.

Во Домот за техничка култура работат вкупно 4 (сега 3 ) вработени, од кои 3 се со соодветно стручно звање – Инструктор по одредени области, дипломи издадени од соодветна верифукувана организација.

Покрај постојано вработените, голем придонес во реализирањето на програмските активности и постигнувањата на врвни резултати, е и ангажирањето на стручни кадри – волонтери кои се врвни стручњаци во своите области

Ваквата поставеност на домот и на клубовите и друштвата придонесе да во повеќе области (радиоаматерство, ракетно моделарство, воздухопловно моделарство, во област на фотографијата и филмот) посебно на полето на иноваторствто во континуитет се постигнуваат врвни светски резултати кои достојно ја преставуваат нашата Република во светот.