Изложба на фотографии од млади фотографи аматери цленови на фото клубот Стеван Наумов - Стив и Народна техника Битола
Во организација на фото клубот Стеван Наумов - Стив, Народна техника Битола и Народна техника на Македонија почитувајки го протоколот на Владата на Р. Северна Македонија за одржување настани и за безбедност и заштита на учесниците и гостите од вирусот ковид-19 на ден 18.09.2020 година со почеток во 18 часот, се отвори изложбата на фотографии од млади фотографи аматери членови на фото клубот Стеван Наумов - Стив и Народна техника Битола.
40 ГОДИНИ ВО КРУПЕН ПЛАН
40 ГОДИНИ ВО КРУПЕН ПЛАН - Македонска фото изложба на млади автори во Шумен, Р. Бугарија
Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“, кој работи во составот на Народна техника-Битола, ја отвори својата прва меѓународна самостојна групна изложба на фотографии на 20.11.2019 год. во Шумен, Р .Бугарија. Дваесет членови на клубот се преставени со 70 фотографии. Благодарност до сите нив за упорната работа, но и до колегите од Бугарија за сиот ангажман кој го дадоа овој проект да успее.
Меѓународен фестивал за непрофесионален филм КАМЕРА 300
На 1-2.11.2019 год се одржа традиционалниот Меѓународен фестивал за непрофесионален филм КАМЕРА 300 во чест на браќата МАНАКИ во организација на кино-видео клубот Милтон Манаки, Народна техника Битола, Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на Агенцијата за филм на РСМ и општина Битола.Фестивалот го отвори градоначалничката на општина Битола г-га Наташа Петровска.
27 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИОТ (НЕПРОФЕСИОНАЛЕН) ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
27 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИОТ (НЕПРОФЕСИОНАЛЕН) ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ кој што ќе се одржи на 1-2.11.2019 година во НУЦентар за култура,општина Битола во организација на Кино-видео клубот Милтон Манаки, Кино сојуз на Македонија, Народна техника Битола, Народна техника на Македонија а со поддршка на Агенцијата за филм на РСМакедонија , општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска.