Пријавување за Фестивалот на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“
Почнаa активностите за организирање на 24-то издание на Интернационалниот Фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, што ќе се одржи во Битола на 28 и 29 oктомври 2016 година.
Пријавите за учество се испратени на над 300 автори и кино клубови клубови во земјата и странство.
Фестивалот е во организација на Кино-видео клубот „Студио Милтон Манаки“,
Народна теника-Битола и Кино Сојузот на Македонија и се одржува под големиот јубилеј - 70 години Народна техника на Македонија.
Фестивалот се одржува во Битола на 28 и 29 Октомври и е финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ и Градоначалникот и Советот на Општина Битола.
Јубилеј - 110 години биоскоп
23-ti Internacionalen festival na amaterskiot (neprofesionalen) dokumentaren film "Kamera 300" ‡ Bitola
23-th International festival of amateur documentary film "Camera 300" - Bitola
Кино сојуз на Македонија Народна техника - Битола Кино клуб „Студио Милтон Манаки“ - Битола
110 GODINI BIOSKOP
Годинава кога Mакедонската кинематографија слави еден голем јубилеј, 110 години од снимањето на првиот филм во историјата на филмот кај нас, филмот ПРЕДАЧКИ снимен 1905 година од страна на браќата Манаки со нивната легендарна филмска камера која Јанаки ја донесе од Лондон (1905г) познатата камера БИОСКОП 300, Кино клубот „Студио Милтон Манаки“ кој работи во составот на Народна техника од Битола, годинава активно се вклучува во одбележувањето на овој голем јубилеј на филмската уметност.
Како што Манакиеви беа аматери во областа на филмот така и Кино клубот кој го носи името на еден од браќата –Милтон, еве веќе повеќе од 50 години активно работи во едуцирање на млади филмски работници од кои некои денес се познати имиња во филмската уметност во Македонија.
Клубот како членка на Кино Сојузот на Македонија е активно вклучен во активностите на истиот преку светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА, која ја има земено под свој патронат организацијата на Интернационалниот фестивал КАМЕРА 300.
Резултатите кои ги постигнува клубот и фестивалот се видливи преку настаните на разни манифестации и презентации во земјава и странство. Претходно воспоставените мостови на соработка со клубови и фестивали од светот, дополнително придонесува за понатамошна афирмација на клубот, фестивалот и сите членови и учесници на истите, како и се поголемиот интерес за учество.
Работилница за филм во Охрид
Кино клубот „Студио Милтон Манаки“ кој работи во составот на Народна технкика- Битола, ќе одржи работилница за правење филм како и презентација на филмовите од 23-от ФАДФ „КАМЕРА 300“ во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид.
На годинешниов фестивал ова училиште учествуваше со документарниот филм „Ана Франк“.
Доделени наградите на Фестивалот на аматерскиот документарен филм „Камера 300“
Жирито на 23-от Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален )документарен филм „Камера 300“, во состав: Проф. Д-р СТЕФАН СИДОВСКИ - Претседател од Р.Македонија, Проф.СТАНИМИР ТРИФОНОВ од Р.Бугарија-член, ДЕМЕТРИОС ПАВЛИДИС од Р. Грција-член, М-р Димитар Спасевски од Р.Македонија-член, БЛАГОЈЧЕ БОЖИНОВСКИ од Р.Македонија–член, на 28-ми и 29.10.2015 год. ги прегледа сите 52 пристигнати филмови и ја донесоа следната:
О Д Л У К А
Член 1
Во официјална конкуренција од вкупно 52 филмови, жирито одлучи да бидат прикажани 11 филмови во 2 официјални проекции.
Член 2
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот ипропозициите, жирито ги додели следните награди:
1. GRAN PRI наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалотму се доделува на филмот „AREFI, THE SHEPHERD“ („Арефи, овчарот“ на авторот DANIEL ASADI FAEZI од Германија
2. „ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ за филмот „MOZAIK“ („МОЗАИК“) на авторот FRANC KOPIC од Словенија.
3. „СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „МАРКОВ БУНАР“ на авторот ВАЛЕНТИНА ИЛИЕВСКА од Р.Македонија.
4. „БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „УМИНА ДУША“ од авторот ЈОВАН НАУМОСКИ од Р. Македонија.
5. ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА UNICA за филм кој поттикнува истражување му се доделува на филмот „КИНОТО НА ТЕРЗИЈАТА ЈОНЧЕ КАРАМИТРЕ“ од авторот ПЕТАР УЗУНОВСКИ од Р. Македонија.
6. ПЛАКЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА за филмот „КОВАЧ“ од авторите ГОРАН ПОПОСКИ И АНАСТАСИЈА БОШКОСКА од Р. Македонија.
7. ПЛАКЕТА ЗА РЕЖИЈА „ДРАГИ САВЕВСКИ“ на авторот ВЛАДИМИР ИЛИЕВ од Р.Бугарија за филмот „СТРАСТ ПОКРАЈ ДУНАВ“.
8. ПЛАКЕТА ЗА МОНТАЖА на авторот SONIA STEGER од Австрија, за филмот „GOODMORNING KASHMIR“ („ДОБРО УТРО КАШМИР“).
9. ПЛАКЕТА ЗА ИДЕЈА на авторот ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ од Р. Македонија за филмот „ВУЈЧЕ“.
10.ПЛАКЕТА ЗА РЕПОРТАЖА на авторот ЉУПЧО ПЕТРОВСКИ од Р.Македонија за филмот „ЗА ДЕНОТ“.
Член 3
Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-диплома на:
На авторот TINCEK IVANUSHA од Словенија за филмот „THE REVANGE“(„ОДМАЗДА“) за иновативност.
На авторот FREJA ANDERSSON од Шведска за филмот “STORIES FROM THEWARS” („ПРИКАЗНИ ОД ВОЈНАТА“) за нов ракурс.
На авторот СПИРО БОРИСОВ од Бугарија за филмот „SPIRO ЛОТИЕР“ за трајни вредности.
30.10.2015 год. Битола
ЖИРИ КОМИСИЈА:
1. Проф. Д-р. СТЕФАН СИДОВСКИ - Претседател __________
2. Проф.СТАНИМИРТРИФОНОВ–Член __________________
3. ДЕМЕТРИОС ПАВЛИДИС – Член ____________________
4. М-р. ДИМИТАР СПАСЕВСКИ -Член ___________________
5. БЛАГОЈЧЕ БОЖИНОВСКИ-член _____________________