Известување за 57 Државен натпревар на младите техничари и природнци на Македонија

Ги информираме сите пријавени ученици и ментори од основните училишта кои што се пласираа за учество на 57 Државен натпревар на младите техничари и природнци на Македонија а се победници на оддржаните регионални натпревари што ги организираа Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија-СКМТП , НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и регионалните канцеларии на НАРОДНА ТЕХНИКА. дека 57 Државен натпревар на младите техничари и природници ќе се оддржи на 07.11.2020 година (сабота).За местото и начинот на одржување на 57 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија дополнително ќе бидете известени од нашите регионални кординатори во зависност од препорките и Протоколот на Владата на РСМакедонија и Комисијата за заразни болести за организирање на манифестации.