Повик за учество - МАКИНОВА 2017 и ЕКОНОВА 2017
Почитувани
Имаме задоволство да Ве известиме дека во организација на Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ по 38,пат во континуитет од 1980 година се организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво МАКИНОВА 2017, придружена со 15 ,та изложба на иновации , пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина .Манифестациите се одржуваат на Скопскиот саем, во рамките ТЕХНОМА , во периодот 17-21. ,Октомври 2017 год.
СПАТУМ го упатува ПОВИКОТ до производните компании, научно истражувачките организации, факултети, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на младите техничари и природници да учествуваат на најголемата манифестација во Македонија поврзана со инвентивното, креативното творештво МАКИНОВА 2017 и ЕКОНОВА 2017..
Со своето присуство бидете дел од традицијата, бидете дел од инвентивното движење во Македонија, и искористете ја единствената можност да ја промовирате и афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ,техничко унапредување, дизајн, трговска марка до пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија.
Пријавите за учество се прикачени на www.atcm.org.mk
Вашите пријави (кои може да ги преземете на следниот ЛИНК) ги очекуваме најдоцна до 30 септември 2017 година на адреса :
1000 Скопје Градски Ѕид блок 5 Република Македонија П.ФАХ 14
Тел. ++ 398 077554801
http://www.atcm.org.mk mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
СПАТУМ
Цели и активности:
* Поттикнување, насочување и стимулирање на пронаоѓачите, технологијата, иновациите и техничкиот развој.
* Вклучување во законодавството за пронаоѓачи, рационализацијата и иноваторите;
* Давање капацитети за иновативна работа и рационализација и активностите на младите.
* Популаризација на инвентивната работа.
* Соработка со меѓународни институции во областа на пронаоѓачи и пронаоѓачи.