ФОТОГРАФИЈА НА СТАША БОЖИНОВСКА ПРИМЕНА НА ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА ФОТО ИЗЛОЖБА
На Меѓународната кружна фотоизложба „ТУРИЗАМ 2014“ (од 23.11. до 04.12.2014 год) во организација на 3 (три) земји: Србија, Турција и Кипар, а под патронат на FIAP, ISF, ICS и други еминентни меѓународни фото организации, Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ кој работи во составот на Народна техника-Битола учествуваше со 4 свои членови: Сташа Божиновска (16 години), Ивона Цветковска (18 години), Илче Блажевски (20 години) и Стефан Талевски (20 години).
На оваа престижна фото манифестација, фотографијата на Сташа Божиновска –„Различност и љубов“ (Diversity and love) е единственa фотографија примена од Република Македонија во конкуренција фотографии од 65 земји од светот.
Ова е втор Меѓународен успех на младата Битолчанка која во силна меѓународна конкуренција оценувана од 9 мајстори на фотографија го покажа својот талент и уште еден доказ дека Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ е расадник на млади таленти кои можат рамо до рамо да се носат со познати светски имиња во фотографијата.
Известување за избор на нов претседател на СЗТКМ Народна Техника - г-дин Зоран Тодоров
Собранието на СЗТКМ Народна Техника на ден 21.12.2014 година едногласно го избра г-дин Зоран Тодоров за Претседател на СЗТКМ Народна Техника, за периодот 2014-2018 година, а едногласно без избрани и Извршен и Надзорен Одбор за периодот 2014-2018 година
Известување
Во организација на РСМ и Народна техника на Македонија македонска делегација со натпреварувачи предводена од претседателот на РСМ Звонко Стаменков ќе учествува на Европското првенство по ХСТ кое што ќе се одржи од 12 до 16 септември во Бар,Црна Гора. На оваа Европско првенство ќе учествуваме со наши натпреварувачи и судии. Исто така ќе се одлучува и за нашата апликација за 2015 година да бидеме домаќини на Светското првенство по ХСТ.