• Деловни соработници
  • Дома
  • За Народна Техника
  • Новости
  • Галерии
  • Контакт

Сојузи

  • Сојуз за техничка култура во стопанстовото на РМ
  • Сојуз на клубовите на млади техничари и природници
  • Сојуз на здруженијата на младите истражувачи
  • Кино сојуз
  • Фото сојуз
  • СПАТУМ
  • Радиоматерски сојуз
  • СПАМ

Регионални центри

  • Битола
  • Кичево
  • Гостивар
  • Кавадарци
  • Струмица
  • Тетово
  • Штип
  • Скопје
  • Берово
  • Велес
  • Куманово
  • Прилеп
  • Пробиштип

Барај

Вие сте на: Дома

Регионален натпревар на младите техничари и природници за ученици од основните училишта од општина Ресен

Регионален натпревар на младите техничари и природници за учениците од основните училишта во општина Ресен кој што го посети и отвори градоначалникот Живко Госаревски а се одржа во ООУ Гоце Делчев на 20.03.2019 година во организација на Народна техника Ресен, Сојузот на клубовите на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија.

Регионален натпревар на младите техничари и природници за ученици од основните училишта од Велешкиот регион

Регионален натпревар на младите техничари и природници за ученици од основните училишта од Велешкиот регион 2019 кој го посети и отвори градоначалникот на општина Грдско г-дин Роберт Бесовски. Натпреварот се одржа во ООУ Кирил и Методиј во општина Велес во организација на Народна техника Велес, Сојуз на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија.

Повик и јавен оглас за одржување на 55ти Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија

Јавен оглас за пријава на 55-иот државен натпревар Наука на Младите истражувачи од Република Македонија во организација на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија - НАУКА НА МЛАДИТЕ и во соработка и покровителство со Министерството за образование и наука на Македонија.

На овој 55ти традиционален натпревар НАУКА НА МЛАДИ истражувачи ги покануваме да земат учество сите ученици од средното образование во Република Македонија кои имаат можност да истражуваат во областите на применети природни и технички науки.

Наука на Млади истражувачи е натпревар со 55 годишна традиција и единствен од таков вид во државата на кој што се изработуваат истражувачки проекти на ученици од средните училишта.

 

  ПРАВИЛНИК

ЗА УЧЕСТВО НА 55-от ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Државниот натпревар на млади истражувачи од Република Македонија е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во Република Македонија имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од областа на природните науки: астрономијата, биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база, производството на храна и комуникациите. Државниот натпревар на младите истражувачи на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите се организира и претставува манифестација во системот активности на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите. Оваа манифестација се одржува во втората половина на месец април.

 Организатори на оваа манифестација се Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија – НАУКА НА МЛАДИТЕ и во соработка и покровителство со Министерството за образование и наука на Македонија.

Линкот за Правилникот можете да го преземете и од следниот ЛИНК (Правилник за учество на Наука на млади за 2019 година).

На Државниот натпревар можат да учествуваат натпреварувачи кои се пријавен преку своите училиштата.

Пријавата за учество може да ја симнете и пополните на следниот ЛИНК (Пријава за учество за 2019 година), и испратите на е-мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку пошта ул. Градски ѕид бр.5, 1000 Скопје

СЗТКМ- Народна техника на Македонија

Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија

НАУКА НА МЛАДИ

Претседател,

с.р Проф. д-р Љубица Каракашова

 

Отворање на Меѓународен Фото салон за фотографија 2018 кој што се оддржа во Куманово

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

Повеќе артикли...

  1. Работна средба во Народна техника на Македонија
  2. 26ти Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм КАМЕРА 300
  3. Изложба МАКИНОВА 2018 и 16 ЕКОНОВА 2018
  4. ПОВИК ЗА УЧЕСТВО - МАКИНОВА 2018, ЕКОНОВА 2018

Страница 12 од 32

  • Почеток
  • Пред
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • Следно
  • Крај

Copyright © 2012. Сите права задржани.

Народна Техника на Република Македони