26ти Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм КАМЕРА 300
Се оддржа 26-иот Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм КАМЕРА 300. Жирирањето на 53 пристигнати филмови од 11 држави од светот се оддржа од 18-20.10.2018 година во Битола каде што 5 члена комисија донесе одлука за наградените филмови и филмовите во 2 официјални проекции.
Пред многубројните гости и љубители на аматерскиот документарен филм во преполнетата сала на Центарот за култура, фестивалот за отворен го прогласи градоначалничката м-р Наташа Петровска која истакна дека КБК Студио Милтон Манаки и Народна Техника Битола придонесуваат кон ширење на културата не само во Битола туку и во светските рамки.
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО - МАКИНОВА 2018, ЕКОНОВА 2018
Почитувани
Имаме задоволство да Ве известиме дека во организација на Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ и Народна техника на Македонија во континуитет од 1980 година по 39-ти пат се организира изложбата МАКИНОВА 2018 на која се изложуваат пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско истражувачко и креативно творештво. Изложбата ќе е придружена со 16-тата изложба ЕКОНОВА 2018 на иновации , пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина.
Манифестациите ќе се одржуваат во спортската сала Борис Трајковски - Скопје во рамките на саем ТЕХНОМА , во периодот од 24-ти до 28-ми Октомври 2018 год.
СПАТУМ го упатува ПОВИКОТ до поединци, производни компании, научно истражувачките организации, факултети, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на младите техничари и природници, наука на млади истражувачи да земат учество на најголемата манифестација во Македонија поврзана со инвентивното креативното творештво, МАКИНОВА 2018 и ЕКОНОВА 2018.
Со своето присуство бидете дел од традицијата и инвентивното движење во Македонија, и искористете ја единствената можност да пред пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија да ја промовирате и афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ, техничко унапредување, дизајн и трговска марка.
Пријавите за учество се прикачени на www.atcm.org.mk . Вашите пријави ги очекуваме електронски или по пошта најдоцна до 15 октомври 2018 година на адреса :
СПАТУМ ул.Градски Ѕид блок 5 Република Македонија п.фах 14 Скопје 1000
Тел. ++ 398 02 3238357 Организационен одбор на СПАТУМ
mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Коста Трпковски, Претседател
facebook: www.facebook.com/SZTKMnarodnatehnika