13-ти ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АРДФ МАРАТОН на терените на Катлановска бања
Na osmi i devetti oktomvri 2016 godina na terenite vo okolinata na Katlanovo-Katlanovska Bawa vo organizacija na RADIO-ORIENTACIONIOT KLUB ..MLADOST.. od Skopje i soorganizatori NARODNA TEHNIKA NA MAKEDONIJA i NARODNA TEHNIKA NA GRAD SKOPJE }e se odr`i:
13-ti INTERNACIONALEN ARDF MARATON ..Katlanovska Bawa-2016..
Vo isto vreme }e se odr`at natprevarite na 144 MHz /3 ili 5 predavateli/ + far za 144 MHz i 3.5 MHz / 5 predavateli/ + Far za 3,5 MHz.
Државен натпревар на трактористи во Пехчево

Државниот натпревар на трактористи од Република Македонија се одржа на 1 октомври 2016 година во Пехчево.
Организатори на државниот натпревар на трактористите се:
- Народна техника на Македонија
- Сојуз за техничка култура во стопанството на Р. Македонија
СООРГАНИЗАТОРИ:
- Агенција за поттикнување и развој на земјоделството на Р.Македонија.
Домаќин на натпреварот: ОПШТИНА ПЕХЧЕВО
Општината Пехчево е една од помалите во Република Македонија со површина од само 208 км2. Се наоѓа во крајниот источен дел на државата, покрај самата граница со Бугарија. Всушност најисточната точка на општината кај врвот Ченгино Кале (1745 м) е најисточна точка и на Република Македонија. Инаку, општината Пехчево е сместена на возвишението (превалот) помеѓу Беровската и Делчевска Котлина, на надморска височина од околу 700 до 1.932 метри. На запад е заградена со ниската планина Бејаз Тепе (1.348 м), а на исток со Влаина (Кадиица, 1.932 м) која е втора по височина во источниот дел на Македонија (веднаш зад Осоговски Планини, 2.252 м). На југоисток пак е заградена со највисокиот дел на Малешевски Планини (Џами Тепе, 1.803 м).Административно, општината Пехчево граничи со општината Берово на југ и општината Делчево на север, а на исток со општината Симитли во Бугарија. Се состои од вкупно 7 населени места, Пехчево и 6 селски населби (Панчарево, Црник, Негрево, Умлена, Чифлик и Робово) во кои живеат нешто над 5.000 жители (од кои 3.200 жители во градот Пехчево). Комуникациски е добро поврзано со регионални патишта кон Делчево, Берово и Виница (Кочани), а оддалеченоста од Скопје изнесува 170 км или 2,5 часа. Исто така, асфалтни патишта има до секое село во општината, потоа до туристичкиот локалитет Равна Река и други локалности. Вкупната патна мрежа во општината Пехчево изнесува над 150 км.
Програма
1.10.2016 год (сабота)
до 9.00 часот Пристигнување на екипите
10.00 часот Свечено отварање
10.30 часот Почеток на натпреварот
-орање
15.00 часот Завршување на натпреварот
16.00 часот Објавување на резултатите на натпреварувачите и доделувањe на награди
Покана за МАКИНОВА 2016 - ЕКОНОВА 2016

Почитуани
Имаме задоволство да Ве известиме дека во организација на Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ по 37ми пат во континуитет од 1980 година се организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво МАКИНОВА 2016, придружена со 14та изложба на иновации , пронајдоци и идеи, чија цел е подобрување на животната средина ЕКОНОВА 2016 .Манифестациите се одржуваат на Скопскиот саем, во рамките ТЕХНОМА , во периодот 18 - 22 Октомври 2016 год.
СПАТУМ го упатува ПОВИКОТ до производните компании, научно истражувачките организации, факултети, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на младите техничари и природници да учествуваат на најголемата манифестација во Македонија поврзана со инвентивното, креативното творештво МАКИНОВА 2016 и ЕКОНОВА 2016.
Со своето присуство бидете дел од традицијата и инвентивното движење во Македонија, и искористете ја единствената можност да ја промовирате и афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ,техничко унапредување, дизајн, трговска марка до пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија.
Пријавите за учество се прикачени на www.atcm.org.mk
Вашите пријави ги очекуваме најдоцна до 30 септември 2016 година на адреса :
1000 Скопје Градски Ѕид блок 5 Република Македонија П.ФАХ 14
Тел. ++ 398 02 32 38 357 077554801 http://www.atcm.org.mk mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Пријавување за Фестивалот на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“
Почнаa активностите за организирање на 24-то издание на Интернационалниот Фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, што ќе се одржи во Битола на 28 и 29 oктомври 2016 година.
Пријавите за учество се испратени на над 300 автори и кино клубови клубови во земјата и странство.
Фестивалот е во организација на Кино-видео клубот „Студио Милтон Манаки“,
Народна теника-Битола и Кино Сојузот на Македонија и се одржува под големиот јубилеј - 70 години Народна техника на Македонија.
Фестивалот се одржува во Битола на 28 и 29 Октомври и е финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ и Градоначалникот и Советот на Општина Битола.





