Голем успех на Македонската фотографија
Почитувани,
УНЕСКО оваа година ја прогласи за година на светлото. Фотографијата е уметност на светлото. Македонската фотографија која на овие простори постои скоро 170 години, и покажува дека талентот, работата и упорноста секогаш даваат резултати, а добрите фотографии остануваат како дел од визуелното паметење на овој народ.
Фото сојузот на Македонија 69 години е асоцијација која непрекинато до денес ги организира фотографите и клубовите во свјата творечка работа.
Извршниот одбор има задоволство да констатира дека клубовите и авторите од Македонија со своите дела добиваат афирмација несамо во нашата земја туку и во странство.
Најновата вест од Индонезија е - на 28th FIAP PROJECTED IMAGES BIENNIAL, Македонската колекција освои 9то место и Диплома, за прв пат во своето постоење, што е показател за нивото на Македонската фотографија и за успешноста на Фото Сојузот како нивна асоцијација.
Ова место и Диплома треба да ни даде потик и енергија да продолжиме со работата и со ангажманот во клубовите и Сојузот , за да го задржиме овој тренд и високо реноме.
Уметничкиот совет и Извршниот одбор на Фото Сојузот на Македонија им благодари и им честита на Авторите на фотографиите од оваа колекција и се надева дека и во наредниот период вака ке се продолжи.
Претседател на ФСМ
Боро Рудиќ
