Народна техника - Кичево
Во Народна техника – Кичево покрај матичната организација која е носител и координатор на сите активности во регионот на делување , односно општините : Кичево, Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица, Пласница и Македонски Брод , работат и неколку други организации и клубови:
- Здружение за заштита и развој на руралните простори ИЗВОР
- Здружение за унапредување и заштита на традиционалното производство на ајвар АЈВАРИЈАДА ,
- Фото и кино клуб АРТ,
- Радио клуб Никола Тесла ,
- Сојуз на клубовите на млади техничари и природници,
- Планинарско и спелеолошко друштво Бистра,
- Филателистички клуб ,
Кадровска екипираност :
Во СЗТК Народна техника Кичево професионално е вработено едно лице како секретар со високо образование. Книговодствените активности и хигиената на објектот ја одржуваат лица ангажирани по договор за дело, а работата на клубовите и останатите здруженија е координирана од страна на лица волонтери.