55 ти Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија

На ден 13.04.2019 година се одржа 55 ти Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија „Наука за млади“ од средните училишта во организација на Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија, Наука на мчади и Народна техника на Македонија, а домаќин беше СОУ Перо Наков од општина Куманово. Натпреварот го посетија директорот на инспекторатот за образование и наука г-дин Томе Спировски и началникот за образование на општина Куманово г-дин Жика Стојановски, кој што го отвори и додели наградите.